Ботас најбрз на квалификациите во Бахреин, Расел ќе тргне веднаш зад него!

Возачите на Мерцедес продолжија со доминацијата во Формула 1, откако денеска на квалификациите во Бахреин најбрз беше Валтер Ботас, додека веднаш зад него заврши Џорџ Расел, кој го менува Луис Хамилтон.

Ботас беше неверојатен на третите квалификации, каде што постави најбрзо време од 0.53.377, а зад него заврши Расел со мало задоцнување. Трет ќе тргне Макс Ферстапен, по што следат Шарл Леклер, Серхио Перез, Данил Квајт, Даниел Рикардо, Карлос Сајнц, Пјер Гасли и Ленс Строл меѓу првите 10.