Ботас ќе тргне пред Хамилтон и Ферстапен на спринт трката во Монца

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас имаше одлични квалификации во Монца пред утрешниот спринт и со време 1.19.555 избори пол-позиција, додека зад него го остави тимскиот колега Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.

Хамилтон беше најблиску до пол-позиција, додека Ферстапен се обидуваше да го подобри своето време и да биде побрз од Мерцедесот, но токму тогаш Ботас ги изненади и двајцата и успеа да заврши на првото место во квалификациите.