Барикело сакал да го посети Шумахер, ама семејството шокантно го одбила

Бразилската легенда во Формула 1, Рубенс Барикело, кој успеа да го победи туморот во емотивно интервју за телевизијата „Глобо“ во својата татковина објавил дека имал неуспешен обид да го посети својот голем пријател и поранешен клупски колега Михаел Шумахер.

Седумкратниот светски првак во Ф1, Шумахер веќе петта година вегетира откако доживеа страшна повреда на главата на скијање на француските Алпи и моментно е на домашно лекување, но информации за неговата здравствена состојба нема премногу. За состојбата на Шуми јавноста не знае ништо, а уште помалку неговите блиски пријатели.

„Јас се обидов да го посетам, барав неколкупати да одам кај него, но сето тоа беше безуспешно. Барав дозвола од неговото семејство, но по се добив одговор: 'Верувај ни, тоа нема да донесе ништо добро ни за тебе, ни за него'“, изјави Барикело.