Зидан напаѓа со Бензема, а ќе се брани со Васкез, Баерн остана и без Мартинез (ФОТО)

Познати се почетните состави за вечерашниот реванш полуфинален натпревар во Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Зинедин Зидан одлучи на позицијата десен бек шанса да му даде на Лукас Васкез, кој вообичаено е десно крило, но брзоногиот фудбалер сега мора принудно во одбраната, бидејќи Дани Карвахал е повреден.

И во средниот ред ќе има неколку промени кај „кралевите“ па на местото на Касемиро, тука е Матео Ковачиќ, а на местото на повредениот Иско ќе игра Асенсио, кој го постигна победничкиот гол на првиот натпревар во Минхен за 1-2. Во нападот на Кристијано Роналдо, друштво ќе му прави Карим Бензема.

Кај Баерн Минхен во првиот тим се враќа Давид Алаба, кој не играше на првиот дел, но во составот го нема Хави Мартинез, кој не ги мина последните фитнес-тестови, па на негово место ќе игра Корентан Толисо.