ЖФК Љуботен ја мина првата пречка во ЛШ, Рунавик беше лесен залак!

Фудбалерките на ЖФК Љуботен триумфираа со 4-1 против Рунавик од Фарски Острови во полуфиналето во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Рунавик успеа да ја шокира екипата од Тетово на стартот со голот на Бенбакура за водство од 1-0 во 12. минута, но тоа го налути Љуботен кој во продолжение на првиот дел стрелаше три пати, и тоа преку Марковска, Мустафа и Максути.

Точка на натпреварот стави Охадиве во 63. минута кога ја затресе мрежата на ривалот од Фарски Острови за конечни 4-1.

Македонскиот шампион во финалето на мини-турнирот ќе се соочи против Пјуник кој претходно славеше со 1-0 против Софија.

Победникот од мини-турнирот ќе се пласира во следната фаза од елитното фудбалско натпреварување.

Фото: Facebook/ЖФК Љуботен - Тетово Официјална Страна