
Легенда на Јунајтед херојски спасила момче да не изврши самоубиство!
Инцидентот се случил во понеделник вечер, кога Валенсија минувал со автомобил преку мост во еден момент забележал млад човек како се подготвува да скокне од мост и веднаш застанал и му пришол.
„Искрено, тоа беше мошне непријатно искуство. Младо момче, навистина младо, сакаше да си го одземе животот. Излегов од автомобилот и се обидов да разговарам со него. Не сум јас херојот, но му кажав неколку зборови. Среќен сум што ме препозна“, напиша Валенсија на социјалните мрежи.
Тој додаде дека разговорот бил тежок, но за среќа пристигнале и членовите на семејството на момчето, кои му помогнале да се откаже од кобната одлука.
„Ве молам, грижете се за себе, за вашиот ум и срце. Менталното здравје е исклучително важно. Животот е многу чувствителен“, апелираше еквадорскиот ветеран.
Антонио Валенсија, кој 10 години го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, се смета за еден од најдобрите фудбалери во историјата на Еквадор.