Украински тим доби казна од 20.000 евра поради скандирање „Убиј ги Србите“ (ВИДЕО)

Партизан ја совлада украинска Олександрија на мечот во Полска, меѓутоа навивачите од трибините скандираа „Убиј ги Србите“, по што Дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) изрече казна.

УЕФА реши да го казни потегот на навивачите на Олександрија, па украинската екипа ќе треба да плати 20.000 евра, но доби и условна казна за забрана на навивачи на следниот натпревар доколку се повтори прекршокот.

Србите воопшто не се задоволни од казната на УЕФА, па посочуваат дека Партизан бил санкциониран со 25.250 евра поради запалени факели.

„Подобро да викате ‘Убиј го Србинот’, отколку да палите факели“, реагира српската јавност.