УЕФА ќе му прогледа низ прсти на Кристал Палас, но има барање до нив!

Кристал Палас како освојувач на ФА Купот избори пласман во Лига Европа, но се јави проблем бидејќи имаат ист сопственик како и Лион.

Правилата се јасни, два клуба на ист газда не смеат да учествуваат во исто натпреварување, но ситуацијата не е толку чиста, па англискиот клуб ќе добие дозвола да се натпреварува.

Џон Текстор нема управувачко влијание во Кристал Палас бидејќи е сопственик на помалку од 30 проценти од акциите.

Според „Скај Спортс“, УЕФА побарала од Кристал Палас да докажат дека Џон Текстор нема одлучувачко влијание во клубот.

Ако можат да го направат тоа, тогаш ќе го задржат местото во Лига Европа.

Се верува дека Кристал Палас без проблем ќе ги приложи потребните документи и ќе остане да се натпреварува во европскиот куп.

Фото: X/Crystal Palace F.C.