Струга го надигра Мулти Есенс и остана во ракометната Суперлига

Ракометарите на Струга изборија опстанок во македонската елита, откако вечерва со 24-19 триумфираа против Мулти Есенс.

Првото полувреме беше израмнето, па на паузата двете екипи заминаа со нерешен резултат (12-12), по што Струга на стартот на вториот дел направи исчекор кон победата.

Струга со четири голови по ред создаде предност од 16-12, по што Мулти Есенс не успеа да ја врати неизвесноста и на крајот загуби со 19-24.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ненад Костоски со девет голови, додека Христијан Гурмешевиќ запиша шест погодоци за Мулти Есенс.