Николов го напушта Борац Бања Лука - ќе си бара нов клуб!

Борац Бања Лука преку социјалните мрежи соопшти дека македонскиот интернационалец Бобан Николов си заминува од босанскиот клуб.

Николов имаше договор до крај на сезоната со Борац Бања Лука, а не стави потпис на нов, па поради тоа ќе си бара друг предизвик во кариерата.

Македонскиот интернационалец минатата сезона настапи на 41 меч во сите натпреварувања, а притоа запиша три асистенции.

Искусниот фудбалер во кариерата играше за Лече, Шериф, Кишварда, Вардар и други екипи.

,Фото: FK BORAC Banja Luka