УЕФА го скрати изборот: Шкендија ја избегна Звезда, но пак (ќе) ја очекува тешка задача

Македонскиот првак Шкендија утреинава ги доби можните противници за третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

УЕФА ги пореди екипи од делот на националните шампиони на два дела, а тетовскиот клуб се најде во втората група. Со евентуален триумф против романскиот ФЦСБ, Шкендија би играла со победниците од овие дуели: Ноах-Ференцварош, Пафос-Макаби Тел Авив и Шелбурн-Карабах. Ова значи дека Шкендија ја избегна Црвена Звезда која се најде во другата група, а која, на хартија, е најсилен тим во ждрепката за третото коло.

Ждрепката ќе се одржи денеска во 12 часот, а својот прв натпревар од второто квалификациско коло против ФЦСБ, Шкендија го игра утре во Скопје.