Нов странец стигна во Центар: Работнички го ангажира Џордан О'Нил

Македонскиот прволигаш Работнички ангажира уште еден странец за новата сезона, а тоа е американскиот интернационалец Џордан О’Нил.

Американецот доаѓа од редовите на финскиот второлигаш Кипина каде што во просек постигнуваше по 22,8 поени и 10 скокови по натпревар.

О’Нил претходно во кариерата играл за универзитетите Алабама Стејт и Џексон Стејт, каде што бил еден од најдобрите кошаркари.

Работнички претходно потпиша со уште еден Американец, а тоа е Брет Томпсон.