
Сопругата на Баумгартнер објави снимка од неговото полетување кон – смртта (ВИДЕО)
Неговата сопруга, Михаела Радулеску Шварценберг, сподели потресно видео на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), на кое се гледа последниот момент пред трагедијата – полетувањето што го однесе во смрт. Објавата предизвика силни емоции кај неговите обожаватели ширум светот.
Причините за несреќата сè уште се испитуваат. Според првичните извештаи, можно е Баумгартнер да доживеал срцев удар за време на летот, по што ја загубил контролата над леталото. Алтернативна верзија наведува технички дефект како можен предизвикувач на падот. Италијанските власти водат детална истрага. Тој беше симбол на човечката храброст и истражувачки дух. Најголемата слава ја стекна во 2012 година кога од стратосферата, на висина од 39 километри, изведе историски скок над пустината во Ново Мексико. Притоа ја проби звучната бариера, достигнувајќи брзина од 1.357 км/ч, и постави неколку светски рекорди. Тој подвиг во живо го следеа над осум милиони луѓе.