
Ал-Хилал ќе ја стресе Европа со бомбастична понуда од 130 милиони евра!?
Исак долго време се поврзуваше со Ливерпул, но „црвените“ на крајот се решија за Уго Екитике, по што напаѓачот на Њукасл доби нова примамлива понуда.
Ал-Хилал наводно планира да му понуди годишна плата од 40 милиони евра на Исак само за да го добие неговиот потпис.
Шведскиот напаѓач зад себе има одлична сезона во која настапи на 42 натпревари за Њукасл, а притоа постигна 27 голови и шест асистенции.
Фото: Facebook/ AlHilal Saudi