Трагичарот Араухо по поразот од ПСЖ: Жал ми е што ве разочарав!

Барселона беше елиминирана од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а трагичар во реваншот беше Араухо кој доби црвен картон во 29. минута.

ПСЖ го искористи исклучувањето на Араухо и постигна четири гола во мрежата на Тер Штеген за да ја „нокаутира“ Барселона.

„Барселона одигра добра сезона во Лига на шампиони и следната година ќе се обиде повторно. Со 10 играчи е тешко да се соочиш против ПСЖ. Фудбалот кој ни дава многу убави работи, сега ме удри силно. Жал ми е поради поразот од Париз, но ветувам дека ќе бидам подобар и ќе се бориме за титулата повторно“, кажа Араухо.