Тежок удар за Интер: Вечерва против Реал ќе биде без еден од најдобрите

Фудбалерите на Интер вечерва го играат натпреварот против Реал Мадрид во првото коло од Лигата на шампионите и во него ќе бидат без еден од најважните фудбалери.

Имено, Федерико Димарко нема да може да помогне на својот тим и тренерот Киву ќе мора да бара решение за да го пополни неговото отсуство што секако нема да биде лесно.

Димарко се повреди на дербито против Наполи кога беше заменет во второто полувреме. Засега не е познато колку точно ќе паузира и од каков карактер е повредата, сепак сигурно е дека вечерва во дуелот од 21:00 часот нема да може да помогне.

Но, големи проблеми составувањето на тимот има и Жозе Мурињо кој најмногу ќе се мачи со средниот ред.