Зијеш го избрал новиот клуб, се сели на неочекувана дестинација

Мароканецот Хаким Зијеш според последните информации го избрал својот нов клуб и тоа ќе биде бразилскиот Ботафого.

Поранешниот ас на Ајакс од генерацијата која стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите, беше без клуб откако минатата сезона ја заврши во дресот на марокански Видад.

Малкумина веруваа дека по сезоната во татковината и кратката епизода во Катар, мароканскиот фудбалер ќе заврши во Бразил, земја која сепак одговара на стилот на игра.

Засега не се откриваат деталите од договорот, меѓутоа се наведува дека трансферот е договорен и многу брзо се очекува и официјалната потврда.