Лацио со пресврт го реши и Удинезе, Гатузо го препороди Фратези! (ВИДЕО)

Екипата на Лацио стигна и до третата победа сезонава откако со пресврт го совладаа Удинезе на гости со 2-1.

Првото полувреме не донесе премногу возбудувања и мрежите мируваа, а први до водство на стартот од вториот дел дојдоа домаќините.

Калстром по асистенцијата на Дејвис во 49-тата минута го отвори резултатот. Лацио до израмнување стигна во 75-тата минута кога погоди Давиде Франтези кој игра во одлична форма и во овој момент е најдобриот фудбалер во тимот на Гатузо.

Засилувањето кое пристигна од Интер е стрелец на три од четирите погодоци кои ги постигна Лацио сезонава, претходно неговиот тим славеше победи од по 1-0 со Болоња и Џенова.

Победничкиот гол вечерва беше дело на Швеѓанецот Гудмудсон кој влезе во игра во 80-тата минута и во 88-тата стрелаше за три бода.

Интересно е што за Интер минатата сезона на 22 дуели не постигна ниту еден погодок. Лацио во следното коло го чека најтешкиот предизвик и ќе игра против Милан на свој терен.

Претходно денеска Каљари со минимални 1-0 беше подобар од Лече.