Гаштаров многу значи на теренот, соиграчите го избраа за МВП во дербито! (ВИДЕО)
Гаштаров доби високи оценки од медиумите во Србија, а по неговиот настап се огласија и од Фудбалскиот сојуз од каде што порачаа дека сакаат тој да игра за репрезентацијата на Србија (ТУКА).
Но, колку Гаштаров е важен за Звезда најдобро покажуваат мислењата на неговите соиграчи од кои најголем дел го избраа токму него за играч на натпреварот. Во објавеното видео на социјалните мрежи на Звезди, речиси секој фудбалер го кажа името на Македонецот. Покрај Гаштаров го истакнаа и босанскиот фудбалер Стефан Гудељ.
Кога е репрезентативната иднина на Гаштаров во прашање, македонскиот селектор Гоце Седлоски на последниот брифинг со новинарите потврди дека го повикал за претстојните наатпревари во Лигата на Нации.