Гроф почна победнички, Вардар се врати на победите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар во првиот натпревар на новиот стратег на клупата Миодраг „Гроф“ Божовиќ ги освоија трите бода победувајќи го Арсими со 2-0. Во форма се враќа и вардаровата деветка Омерагиќ, кој по голот со Тиквеш, вечерва асисистираше за вториот погодок на црвено-црните. 

Божовиќ на клупата на Вардар дојде како наследник на Аргентинецот, Кристијан Фабијани кој не ги исполни големите очекувања. Под водство на Божовиќ кој немаше премногуи време да менува, бранителот на титулата рутински ги освои бодовите во натпреварот во кој влезе и како голем фаворит.

Можност за нови бодови Божовиќ ќе има за четири дена кога Вардар гостува на Башкими кој е последен на табелата со само три освоени бодови.