Mурињо во проблеми: Реал е речиси без среден ред пред Интер
Најголеми проблеми Реал има во средниот ред бидејќи: Арда Ѓулер, Едуардо Камавинга и Бернардо Силва нема да имаат право на настап поради суспензиите што ги пренесоа од минатата сезона во најелитното клупско европско натпреварување.
Проблемите дополнително ги зголемува повредата на Орелиен Чуамени. Францускиот репрезентативец сè уште не е подготвен, а Мурињо призна дека не знае дали ќе може да смета на него против Интер.
„Не знам дали Чуамени воопшто ќе биде подготвен за Интер. Ќе имаме проблем во средниот ред поради суспензиите на Ѓулер, Бернардо Силва и Камавинга. Практично, Валверде ќе биде единствениот првотимец од средниот ред кој ни е на располагање. Имаме голем проблем кој мора да го решиме“, изјави Мурињо.
Една од опциите е повлекување на Џуд Белингем подлабоко во средниот ред, иако Мурињо повеќе сака да го користи поблиску до противничкиот гол. Како можни решенија се споменуваат и Трент Александер-Арнолд, кого Португалецот веќе го користеше во средината на теренот, како и стоперот Дин Хујсен. Шанса би можел да добие и младиот Хорхе Цестеро.
Тука е и 19-годишниот Серхио Мартинез, кого Мурињо во последните денови го приклучи на првиот тим токму поради проблемите со бројот на достапни играчи за врска. Младиот Шпанец се најде во составот и за првенствениот натпревар против Бетис.