Екс-претседател на Сити удри по „граѓаните“: Се исмејуваат во лице на целата Премиер лига!
Бернстин беше прв човек на Манчестер сити од 1998 до 2003 година, а беше и претседател на Фудбалската асоцијација од 2011 до 2013 година.
„Фактот што потрошија толку многу пари во овој преоден рок, додека сите 115 обвиненија сè уште не се решени, е неверојатно и претставува исмевање на правилата на Премиер лигата, која би требало да биде најдобро водената лига во Европа. Зошто лигата одлучи да покрене постапка по 115 точки од обвинението, за мене е мистерија. Здравиот разум налага сè да се поедностави, да се разгледаат поголемите и појасни обвиненија и на тој начин да се води целиот случај.
Задоцнетата правда е скратена правда, а колку подолго се одолговлекува овој процес, толку повеќе се натрупуваат последиците и предизвиците што произлегуваат од него“, порача Бернстин во колумна за „Сандеј Тајмс“.
Ќе потсетиме, Сити во овој преоден рок потроши 440 милиони фунти и го израмни британскиот рекорд со плаќањето на 125 милиони фунти за Енцо Фернандез, трансфер кој со бонусите во договорот лесно би можел и да ја надмине таа сума.