Богатиот договор го уништил сонот на Бензема, може и да ја заврши кариерата?!
Според информациите на „Л'Eкип“, Бензема бил подготвен оваа сезона да игра бесплатно за Лион Клубот каде што ја почна кариерата и е вистински миленик на навивачите.
Наводно, Бензема бил воодушевен од идејата за враќање во Франција и навистина бил подготвен да игра бесплатно, од чиста љубов кон клубот и градот. Но, потоа се појавила сериозна пречка, договорот на Бензема со Саудиската професионална лига.
Иако пред една недела спогодбено ја раскина соработката со Ал Хилал и стана слободен играч, Бензема до 2030 година има договор со самата лига, со која има потпишано богат договор да биде промотор на натпреварувањето.
Овој договор практично значи дека до 2030 година Карим Бензема не може да потпише професионален договор со кој било клуб во која било друга лига.
Бензема има договор за промоција на натпреварувањето и туризмот до 2030 година, а воедно е и промотор на Светското првенство кое во оваа земја ќе се одржи во 2034 година.
Овој „мал“ детал значи дека Бензема кариерата или ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, или ќе ја заврши на 39-годишна возраст.