Тешко да погодите: Кој е најдобар стрелец после Меси за Барса во ЛШ изминативе две години? (ФОТО)

Шпанска Барселона ја победи Славија Прага со 2-1 во третото коло во ЛШ, но до триумфот не стигна така лесно како што сите очекуваа. Всушност, Каталонците и не се во најформа на стартот на новата сезона во ЛШ и во Ла Лига, ама успеваат да победат.

Синоќа Лео Меси даде еден гол, за да влезе во историјата како единствен фудбалер кој дал гол во ЛШ во 15 сезони по ред. Вториот пак е дело на чешки фудбалер, кој си постигна автогол, само седум минути после израмнувањето на Славија.

И статистичарите сега пресметаа дека од 2017/18 година, значи во последниве две години во европската елита, најдобар стрелец на Барса очекувано е Меси со 19 гола. Но, кој е вториот? Верувале или не – автоголовите. Барса има седум погодоци откако противниците си ги погодиле сопствените мрежи. Потоа зад ова, доаѓаат по четири гола на Луис Суарез и Осман Дембеле.