Страшен меч на Ридигер и Алаба против Халанд – Едерсон имаше повеќе допири со топка (ФОТО)

Реал Мадрид и Манчестер сити ремизираа синоќа 1-1 во „првото полувреме“ од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите, а норвешката гол-машина Ерлинг Браут Халанд буквално не мрдна покрај извонредниот стоперски тандем Антонио Ридигер – Давид Алаба.

Откако имаше два шута во првиот дел, а еден изблокиран од Алаба во последен момент во воведниот период од вториот дел, Халанд буквално беше незабележлив на теренот, тотално изолиран од стоперскиот двоец на „кралевите“, па колку беше непродуктивен Норвежанецот јасно покажува статистиката.

Веројатно овој меч Халанд ќе го памети во кариерата кога немал никогаш помалку допири со топката. Вкупно му пресметаа дека 21 пат ја допрел истата, а на пример голманот на Сити, Едерсон имал повеќе – 29.