
Симеоне тргна да се тепа со навивачите на Ливерпул! (ВИДЕО)
Во натпревар со исклучително драматична завршница, Ливерпул го победи Атлетико Мадрид со 3-2, со погодок во судиското продолжение.
По примениот гол, тренерот на гостите, Диего Симеоне збесна и тргна да се тепа со навивачите на Ливерпул. Реагираше обезбедувањето и не дозволи да се случи сериозен инцидент.
Симеоне возбудено им велеше на судиите дека навивачите на Ливерпул го провоцирале покажувајќи му среден прст, но стратегот на Атлетико доби црвен картон и некоја минута порано мораше да се упати кон соблекувалната.