Шкупи ќе се пресмета со бугарски тим, Македонија ЃП оди во Азербејџан
Македонија Ѓорче Петров во првото коло игра против РФС од Летонија, а ако успее да ја помине, тогаш ќе се соочи против Сабах од Азербејџан.
Ако успее да го елиминира Хаверфордвест од Велс, Шкендија во второто квалификациско коло ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу Б36 Торшавн и Паиде.
Потенцијален ривал на Шкупи му е Левски Софија, но најпрво мора да го елиминира Хегелман од Литванија.
Струга ТЛ игра во Лигата на шампиони (ЛШ), а ако биде загуби во првото квалификациско коло, тогаш продолжува во Конференциската лига каде што ќе се соочи против финалистот од прелиминираната рунда.
Натпреварите од второто квалификациско коло се играат на 27 јули и 3 август.