
Роналдо и Феликс ја решија Ерменија, Англија рутински со Андора (ВИДЕО)
Португгалија лесно се справи со Ерменија, а посебно одлични беа Кристијано Роналдо и Жоао Феликс.
Двајцата постигна по два гола, а еден беше дело на Кансело. Посебно атрактивен беше еден од погодоците на Португалецот кој стрелаше со одличен удар од далечина.
Англичаните не беа така убедливи, но и немаа проблеми и спо еден гол во првото и второто полувреме дојдоа до триумф од 2-0. Во првиот дел автогол си постигна Гарсија, а во вториот стрелец беше Рајс.