Реал прв стрелаше - Родриго го „отвори“ Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид води со 1-0 на гостувањето кај Манчестер Сити по голот што во 12. минута го постигна бразилскиот репрезентативец Родриго.

Голема заслуга за голот имаат Белингам и Валврде кои добро проиграа на половината на Сити, а Винисиус затоа што прецизно го проигра својот сонародник кој од втор обид го совлада Едерсон.

По примениот гол, Сити имаше две големи шанси преку Халанд кој еднаш ја погоди и пречката, но резултатот не се смени.