Реал Мадрид дојде до неверојатно постигнување во Лигата на шампиони

Дека Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот моментално покажуваат многу податоци. Освен што засега има недостижен број на титули во Лигата на шампиони (12), со вчерашната победа од 2-1 на гостувањето кај Баерн Минхен, шпанскиот гигант испиша нова историја во европската елита. 

Реал Мадрид е првиот клуб што успеал да стигне до 150 победи во Лигата на шампиони. Ќе биде многу тешко за останатите клубови во Европа да ги стигнат „кралевите“ со оглед на нивната победничка традиција во ова натпреварување.

Синоќа и Кристијано Роналдо испиша своевидна историја во елитата и стана фудбалерот со најмногу победи. Синоќешната за него беше вкупно 96-та во кариерата во ЛШ, минувајќи ја легендата на Реал Мадрид, Икер Касилјас кој има 95 победи. На оваа листа на фудбалери со најмногу победи во Лигата на шампиони се и Чави (91), Андрес Иниеста (79) и Раул (79).