Реал има проблем со навивачите – на никој не му се оди во Киев!?

Реал ќе има многу помала поддршка во финалето на Лигата на шампиони од Ливерпул, а причината за тоа е откажувањето на патувањето во Киев на навивачите кои имале среќа да добијат карта на лотарија.

Тие имаат неколку причини зошто не сакаат да патуваат до Киев и да го гледаат својот клуб. Првата е големата одалеченост, па кога ќе се пресметаат трошоците, со автомобил е невозможно да се стигне поради големите трошоци, а железничката не функционира.

Летови од некои други градови до Киев се премногу скапи, авиокомпаниите веќе ги продадоа картите и тоа откако ги кренаа цените.

Реал има проблем да ги продаде и тие речиси 20.000 карти кои им припаѓаат. Аранжманите се повисоки од 1.000 евра, без пресметано сместување, а во Киев нема многу хотели, па становите за издавање имаат луди цени.

И покрај тоа, се шпекулира дека Шпанците се плашат да патуваат во Киев и се плашат од средби со Англичаните, па околу 500 карти беа вратени, а се очекуваат уште откажувања од страна на добитниците на лотаријата.

Сепак, без разлика на тоа, медиумите од странство пишуваат дека навивачите на Реал не може да се пофалат со голема верност кон клубот, бидејќи фановите на Ливерпул не бираат средства за да стигнат до Украина.

Многумина од нив ќе стигнат во Украина без карти и во фан зоната ќе го гледаат натпреварот, доколку не успеат да влезат на стадионот.