Реакцијата на Хејнкес покажува колку е тешка елиминацијата од ЛШ (ВИДЕО)

Баерн Минхен, очекувано, беа разочарани по елиминацијата во полуфиналето на Лигата на шампиони од Реал Мадрид.

Претседателот на Баерн, Карл Хајнц Румениге беше задоволен со играта на својата екипа, која покажа голема борба, страст и храброст на теренот.

„Сите сме малку тажни, зашто можевме да го урнеме Реал Мадрид. Ја имавме најдобрата екипа во светот во рака, но треба да се остане достоинствен и ви благодарам на сите, зашто ова беше најдобрата реклама за фудбал“, кажа Румениге.

А дефинитивно не ја поднесе лесно елиминацијата на Баварците ниту Хејнкес, кој имаше тажен израз на лицето во клупскиот автобус.