Ракитиќ: Одиме да одиграме перфектно финале и да го донесеме трофејот дома!

Ѕвездата на Севиља, искусниот Иван Ракитиќ верува дека трофејот од Лига Европа ќе се врати таму каде што припаѓа.

Севиља е неприкосновена кога станува збор за Лига Европа, досега шест пати го освоиле ова натпреварување и немаат ниту еднаш загубено во финале.

Во среда во Будимпешта ќе го играат своето седмо финале во Лига Европа, а Ракитиќ се надева дека историјата ќе се повтори.

„Среќни сме што играме уште едно финале, но да бидеме мирни. Ајде да мислиме позитивно, ќе одиме во Будимпешта да одиграме перфектен меч и да го донесме трофејот дома“, вели Ракитиќ.

„Сезоната беше тешка и долга, но тимот секогаш имаше квалитет и самодоверба. Со Мендилибар најдовме луцидност и резултатите го кажуваат тоа. Зборуваме малку, но многу работиме. Верувавме дека ќе стигнеем до ова финале и успеавме, имаме самодоверба“.