Романија ја декласира Украина за прва победа на ЕП по 24 години (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Романија триумфираше против Украина со убедливи 3-0 во првото коло од групната фаза и направи чекор напред кон осминафиналето.

Романија до водство стигна преку Станчиу кој со прекрасен удар го матира голманот Андриј Лунин во 29. минута од натпреварот.

Украина доживеа нов шок на почетокот на вториот дел, откако Романија стрелаше преку Марин и Драгуш за да ја запечати победата од 3-0.

Во вториот меч од групата Е ќе играат Белгија и Словачка.