Проблем за Барселона - се повреди Јамал (ВИДЕО)

Најголемата сензација во европскиот фудбал Ламин Јамал доживеа повреда на вчерашниот натпревар меѓу Шпанија и Данска и не е исклучено да паузира извесен период.

­­­Тинејџерот не можеше да оди нормално и кривејќи го напушти стадионот во Мурсија каде се одигра натпреварот. Повредата ја потврди и селекторот Луис де ла Фуенте кој рече дека сето ова е нормално.

„Го удрија. Имам пријател кој кога играчите се жалеа, знаеше да им каже: Што сакате, бакнеж? Ова е фудбал и се е во рамките на правилата“, рече искусниот стручњак.

Јамал има само 17 години, а од лани одигра 60 натпревари. Не е исклучено повредите да се последица на замор, па можеби во иднина ќе треба да добие повеќе одмор и од својот тренер во Барселона и од селекторот.