На Барселона и се брза: Каталонците во трка со времето за Олмо

Дани Олмо изминатото лето се врати во Барселона која за него плати 55 милиони евра на германски Лајпциг, но во каталонскиот гигант имаат големи проблеми со шпанскиот репрезентативец.

За Барселона Олмо во првот дел на 15 настапи постигна шест гола, меѓутоа клубот има потешкотии со неговата регистрација за идната година.

Во договорот на Олмо има клазула според која може да замине како слободен фудбалер во јануари ако тимот не го регистрира.

Барселона пронајде начин како да ја продолжи регистрацијата, Лапорта одлучи да се продадат ВИП седиштата на стадионот на подолг рок. Заинтересирани купувачи има, но прашање е дали Барселона ќе успее да ги заврши сите трансакции на време.

Олмо мора да биде регистриран до крајот на годината, односно до завршувањето на утрешниот ден. Ако Ла Лига до утре на полноќ не ја одобри регистрацијата, Олмо нема да може да настапува во вториот дел од сезоната и во таква ситуација се очекува да замине.