Милан го потврди отказот на Фонсека!
Откако не успеа да ја победи Рома, Фонсека доби отказ од тренерската позиција на Милан.
„Милан соопштува дека го ослободи Пауло Фонсека од обврските за главен тренер на првиот тим. Клубот му се заблагодарува на Пауло за големиот професионализам и му посакува се најдобро во иднина“, стои во соопштението на Милан.
Наскоро се очекува клубот да го потврди Серџо Консеисао за нов тренер.