Официјално: Консеисао нов тренер на Милан, ќе дебитира против својот син
По вчерашното реми против Рома, Милан одлучи да се раздели со Пауло Фонсека и на неговото место го доведе Консесисао. Новиот тренер на Милан се обврза на верност до 30 јуни 2026 година и главна цел до крајот на сезоната ќе биде обезбедување место во Лигата на шампионите.
За Консеисао ова е негов втор ангажман надвор од Португалија како главен тренер, претходно го водеше и Нант од 2016 до 2017 година. Исто така беше дел и од белгиски Стандард на почетокот на неговата тренерска кариера, но како асистент.
Во Португалија ги предводеше екипите на Олханенсе, Коимбира, Гуимараеш, Брага и Порто кој беше последниот клуб кој го предводеше.
Интересно е што на клупата на Милан ќе дебитира во Суперкупот против Јувентус каде што настапува неговиот син.