Инцидент во Сараево: Ограбен селекторот на БиХ! (ФОТО)

Во Босна и Херцеговина се случил инцидент во кој било скршено стаклото од автомобилот на селекторот на фудбалската репрезентација на оваа селекција, Сергеј Барбарез.

Барбарез на социјалните мрежи објави фотографија од скршеното стакло, а инцидентот се случил во Сараево.

Исто така информираше и дека му биле украдени сите документи кои биле во автомобилот.

„Добро ме дочека Сараево. Ми го скршија автомобилот и ги украдоа сите документи. Се е во ред со мене“, напиша Барбарез.