Тандемот Ѓоковиќ - Кирјос ја мина првата пречка во Бризбејн! (ВИДЕО)

Добрите пријатели Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос решија во двојки да настапат на турнирот во Бризбејн и успешно го почнаа.

Во драматичен меч, Ѓоковиќ и Кирјос ги совладаа Ерлер и Мајс.

Новак и Ник го добија првиот сет со 6-4, а откако пропуштија да го освојат и вториот, Австриецот и Германецот го земаа во тајбрејк со 7-4 и израмнија на 1-1.

По голема драма во третиот решавачки сет, Ѓоковиќ и Кирјос го освоија со 10-8 и се пласираа во осминафиналето.