Вардар на подготовки во Анталија, закажани пет контролки
Maкедонскиот најтрофеен фудбалски клуб, Вардар дел од подготовките за новата сезона ќе одработи во Анталија каде и што ќе одигра пет пријателски натпревари.
Вардар за Ангалија ќе замине на 18 јануари и таму ќе престојува до 8 февруари.
Првиот подготвителен натпревар „вардарци“ ќе го играат против екипата на Актобе од Казастан на 22 јануари, четири дена подоцна следи натпревар со грузиската ФК Ибериа 1999, па потоа НК Верес Ривне од Украина на 29, Активал ФК Чаквар од Унгарија на 31 и како последен натпревар е дуелот со Рапид Виена на 5 февруари.