Воска се засилува со лев бек кој играл за Фенер и за Чешка!
Охридскиот тим постигнал договор со чешкиот фудбалер Филип Новак.
Се работи за 34-годишен лев бек кој настапуваше за Трабзонспор и за Фенербахче. Има и 27 настапи за чешката репрезентација. Негов последен клуб е чешкиот тим, Сигма Оломуц.
Воска за вториот дел од сезоната поланира да има речиси комплетно нов тим. Во моментов тие се на последното место на табелата во ПМФЛ.