Познато зошто Фоден ненадејно го напушти тренинг-кампот на Англија

Ѕвездата на Манчестер сити и англиската репрезентација, Фил Фоден ненадејно го напушти тренинг-кампот на неговите сонародници и се врати во татковината, а „Дејли Мејл“ ја откри причината за неговиот потег.

Фоден решил да се врати во татковината затоа што неговата сопруга Ребека Кук треба да се породи, а фудбалерот сакал да биде покрај неа за време на породувањето.

Англискиот репрезентативец, сепак, се надева дека ќе стигне навреме за да заигра во осминафиналето на Европското првенство (ЕП).