
Паднаа рекордите: Реал одреди најскапи цени на влезници за дуелот со Арсенал
„Кралскиот клуб“ ги собори сите рекоди со тоа што објави највисоки цени во историјата. Тие се движат од 125 евра на четвртиот кат од стадионот, до 450 евра за места покрај теренот. Тие суми се над оние од претходните две фази во елитното натпреварување, против Манчестер Сити и Атлетико Мадрид, кога изнесуваа од 115 до 325 евра.
Арсенал на „Бернабе“ ќе го бодрат околу 4.000 навивачи од Англија, а за нив ценат на влезниците изнесува 60 евра, на барање на УЕФА.