
Откриена платата на Чеферин во УЕФА – секој ден заработува по 6.000 евра!
Словенечкиот функционер, според истиот извор, заработува годишна бруто плата од 3,4 милиони евра, додека нето износот што го добива изнесува околу 2,04 милиони евра. Ова значи дека Чеферин дневно инкасира речиси 6.000 евра од својата позиција во УЕФА. Покрај тоа, се наведува дека неговата плата неодамна била зголемена.
Чеферин е на чело на УЕФА од 2016 година, а во неговиот мандат беше изменет статутот на организацијата, што му овозможи да се кандидира за трет мандат. Во меѓувреме, националните фудбалски федерации реагираа со брзи прилагодувања на своите статути во согласност со промените во УЕФА.