Гвардиола троши над 350 милиони евра на засилувања!?

Манчестер сити ја игра најслабата сезона по доаѓањето на тренерто Пеп Гвардиола, кој не може да ги поднесе поразите и поради тоа бара неколку квалитетни засилувања во летниот преоден рок.

Гвардиола не сака и следната сезона да не биде конкуретен за титулата во Премиерлигата, па поради тоа на листата со желби се наоѓаат неколку звучни засилувања.

Флоријан Вирц треба да пристигне како замена за Кевин Де Брујне, а неговата цена е 150 милиони евра, додека „граѓаните“ биле подготвени да платат и 80 милиони евра за Рафиња од Барселона.

„Граѓаните“ не планираат да запрат само со овие двајца, туку планираат да понудат 100 милиони евра за Бруно Гимараеш од Њукасл, а на листата со желби на Гвардиола се наоѓа и Удоги од Тотнем.