Коло Туре ќе ги тренира младите фудбалери на Манчестер сити

Поранешниот фудбалер Коло Туре се врати во Манчестер сити, каде што во иднина ќе работи како тренер.

Туре ќе биде тренер на екипата до 18 години, а во разговор со новинарите кажа дека не можел да ја одбие понудата на „граѓаните“.

„Мило ми е што ќе работам во клубот за кој играв во минатото. Среќен сум затоа што добив ваква можност. Важно ми е да останам во спортот“, кажа Туре.

Фото: EPA PHOTO