Де Минор го шокира Медведев во Монте Карло

Алекс Де Минор славеше против Данил Медведев со 6-2 и 6-2 за само еден час и 13 минути во осминафиналето на мастерсот во Монте Карло.

Де Минор со оваа победа си закажа четвртфинале против победникот од дуелот меѓу Алехандро Табило и Григор Димитров.

Во италијанското дерби Лоренцо Музети беше подобар од Матео Беретини, откако триумфира со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3.

Фото: EPA PHOTO