Ужас во Перу: Почина млад фудбалер два дена по судир со противничкиот голман (ВИДЕО)

Младиот фудбалер на Реал Титан, Хелар Гонзалес Алтамирано (21), почина откако претрпе тешка повреда на главата за време на натпревар во рамките на Купот на Перу против Нова Кајамарка.

Несреќата се случи во вторникот, кога Гонзалес во 70. минута од натпреварот се судри со голманот на противничкиот тим. По ударот, паднал на грб и не покажувал знаци на свест. Соиграчите и фудбалерите од спротивниот тим веднаш притрчале на помош, провериле дали има пулс и започнале со кардиопулмонална реанимација.

И покрај напорите, фудбалерот не реагирал, по што веднаш била повикана медицинска екипа. За жал, младата надеж на Реал Титан ја загуби битката за живот.