Воведувањето на ВАР во завршна фаза - сѐ ќе биде готово за следната сезона!

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека процесот за имплементација на ВАР системот се одвива според планираното и веќе работите се во завршна фаза.

Федерацијата веќе добила понуди од компании кои се специјализирани за ВАР технологија и сега треба да се избере најсоодневтната.

Инфорамции за имплементирањето на ВАР системот даде проектнито лидер Дејан Јакимовски.

“Ние сме убедени дека имплементацијата на ВАР системот ќе придонесе кон поголема транспарентност и квалитет во организирањето на натпреварите. Овој проект е важен чекор за нашата лига и со него не се обезбедува само поддршка на судиите, туку и создаваме услови за подобро функционирање и на клубовите, во насока на подобрување на постоечката инфраструктура на стадионите и барањата за поставување платформи за ТВ камери, согласно потребите за имплементација на ВАР” , изјави Јакимовски.

ВАР во македонскиот фудбал ќе се користи веќе од следната натпреварувачка сезона.